Според министерот за надворешни работи, Бујар Османи, реален рок за изгласување на уставните измени е последниот ден од мандатот на овој Парламент, односно пред редовниот термин за одржување на изборите наредното лето.
-Јас сум оптимист дека ќе биде. Се разбира првична цел ни е до ноември бидејќи тогаш има еден административен календар заради скринингот, меѓутоа реалниот рок е последниот ден односно мандатот на овој Парламент, значи до наредните избори. И до последниот ден ние ќе работиме да обезбедиме поддршка, сметајќи дека нема аргументи против. Мислам дека оваа прва битка ние ја добивме. Како предлагачи ја добивме затоа што не видовме отпор од експерстката јавност, од која било јавност во однос на содржината на уставните измени. Да излезе некој и да каже чекајте ова е опасно поради тоа што икс, ипсилон работи ќе се случат…, рече Османи во интервју за телевизија Сител.
Во однос на тоа дали потребата за носење на уставните измени ќе биде изгласана на седницата што ќе започне на 18 август, Османи вели дека сега се е во рацете на претседателот на Парламентот.