Османи: Принципите не штитат од Бугарија

by Фокус

Тоа што нас не штити во спорот со Бугарија се принципите, не само нашите, туку пред се европските, смета министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Се обидуваме тие принципи да ги аргументираме и пред Бугарија и пред нашите пријатели. Правдата е само еден од принципите, но ги има многу принципи кои ја имаат заштитено европската идеја во последните 75 години. При сите бранови на ширење на ЕУ имало обиди за наметнување на билатерални прашања, за кочење на процесот, но секогаш Унијата излегла посилна при тие пречки и секогаш успеала. Тоа го направила врз основа на почитување на принципите – рече Османи на ТВ 24.

Според него, јуни и во декември се можни датуми за одржување на првата меѓувладина конференција на ЕУ со Македонија, затоа што, вели тој, во септември ќе бидеме повторно во кампања за локалните избори.

Поврзани новости