Османи: Преспанскиот договор е жив процес

by Fokus

Прашањето на имплементација на Преспанскиот договор е жив процес во кој е важно дали има политичка волја. Тоа што денеска го констатиравме двајцата министри е дека силно веруваме во тој договор, силно веруваме во перспективата на нашето пријателство, на нашето стратешко партнерство. Силно веруваме во економските потенцијали, во соработката на сите можни сектори, изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи по средбата со неговиот грчки колега Никос Дендиас, кој е во официјална посета на земјава.

Во однос на имплементација на Договорот од Преспа од грчка страна, меморандумите и заедничката комисија за образовни прашања, Османи рече дека Преспанскиот договор е договор што е во основа на нашите билатерални односи, на новата регионална архитектура и тоа е неповратен процес. Тоа, вели Османи, е во интерес на нашата држава и ја гарантира перспективата на државата, на нашите билатерални односи и никој нема да дозволи да се загрози Преспанскиот договор.

– Прашањата што ги покренавме во однос на ратификација на одредени договори и меморандуми во грчкиот Парламент ги отворив и јас на средбата и прашањето на сообраќајните знаци во Грција и разговаравме по однос на техничките причини за неисполнување на тие прашања во грчкиот Парламент и договоривме начин како тоа ќе се направи во наредниот период. Во однос на таблите објаснувањето е дека локалните власти се тие што не покажуваат ентузијазам, меѓутоа и по однос на тоа прашање разговаравме пошироко и мислам дека во наредниот период ќе има решение и за тоа, посочи Османи.

Поврзани новости