435
Вицепремиерот Бујар Османи во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека процесот на преговори со Грција не се крие од јавноста, туку се уште е рано да се отвори за јавноста.
-Процесот е се уште во ембрион фаза и затоа не и е отворен на јавноста. Грција може да е покомотна, бидејќи не и зависи иднината од решението. Ние сме повнимателни. Ние засега имаме сет на идеи кои не се оформени во конкретен предлог. Лидерската средба беше од информативен карактер и лидерите на македонските партии побараа време да го кажат својот став. Нема криење од јавноста за да не се злупотреби дебатата. Ние сме одлучиле да бидеме внимателни, бидејќи сме сериозни за да најдеме решение, изјави Османи.