Османи: Правилата на игра во ЕУ се такви, ќе го решиме спорот со Бугарија!

by Fokus

Вицепремиерот Бујар Османи на денешната прес-конференција порача дека од неговата партија ДУИ не размислуваат на изборите, потенцирајќи дека здравјето на луѓето и социо-економските последици се двете цели на кои се фокусирани.

Во однос на спорот со нашиот сосед Бугарија, Османи верува дека набрзо ќе биде решен и тој проблем.

„Ние сме свесни дека правилата на игра во ЕУ се такви. Секоја земја членка може да ги стопира преговорите. Ние не треба да ги менуваме правилата и треба мудро да се однесуваме. Договорот од Преспа и од Бугарија се добра рамка за решавање проблемите. Па така ќе го решиме и овој спор со Бугарија. Очекувам дека овој период ќе го искористиме да разговараме и ќе се обидеме да постигнеме компромис“, истакна Османи.

Поврзани новости