Османи: Потпишување на протоколот со Бугарија во ист ден кога ЕУ ќе ја усвои преговарачката рамка

by fokus

Доколку после консултативниот процес Владата донесе одлука дека го одобрува пакетот, тогаш јас можам веднаш да организирам средба на меѓувладината комисија со Република Бугарија и да пристапиме кон потпишување на протоколот. Мислам дека тоа временски би коинцидирало со истиот ден кога Советот на ЕУ ќе ја усвои преговарачката рамка и целиот овој процес.

Ова е одговорот од шефот на дипломатијата Бујар Османи на новинарско прашање доколку овој предлог биде усвоен, кога би го потпишале билатералниот договор.

На денешната прес-конференција Османи нагласи дека протоколот е усогласен во МНР, но, како што рече, треба да го одобри Владата, а Владата ќе го разгледа во рамки на целиот пакет.

– Пакетот има европска и билатерална компонента. Билатералната компонента е протоколот и тој веќе не е во еворпскиот пакет, туку е билатерален со Република Бугарија, но е дел од овој процес за Бугарија да даде согласност за пакетот, изјави Османи.

Поврзани новости