Османи: Постепената интеграција на земјите од Западен Балкан како нужен чекор пред нашето формално членство

by Fokus

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес, во рамки на работната посета во Брисел, се обрати на Самитот ЕУ-Западен Балкан, во организација на реномираната Бриселска тинк тенк организација Friends of Europe.

„Проширувањето на Европската Унија отсекогаш имало меритократски и геополитички аспект” истакна Османи.

На сесијата насловена „Проширувањето на ЕУ: новата геополитичка неопходност”, Oсмани рече дека токму концептот “сѐ или ништо” не нуди придобивки за граѓаните пред формалното полноправно членство. Оттука, според Османи концептот за повеќе интеграција пред полноправно членство претставува најдобро можно решение.

„Уверен сум дека концептот на забрзана и постепена интеграција, кој што го нарековме `Повеќе интеграција пред членство` ќе даде опипливи придобивки дури и во оваа фаза од процесот на пристапување. Очекувам да се поканат партнерите од Западен Балкан кои имаат 100% усогласена со надворешната и безбедносна политика на ЕУ да учествуваат на состаноците на Советот за надворешни работи, да добиеме пристап до Единствениот пазар на ЕУ и до структурните и кохезивните фондови”, истакна Османи.

 

Поврзани новости