Османи: Почнување преговори со ЕУ, па внесување на Бугарите во Уставот

by fokus

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 потврди дека при последната посета на Македонија, бугарската министерска Теодора Генчовска побарала првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ да се одржи по внесување на Бугарите во Уставот.

Сепак, Османи вели тоа не било прифатено од македонска страна, бидејќи е неприфатливо.

-Точно е дека тоа беше бугарско барање и тука премиерот Петков е коректен дека има такво барање. Но нема договор, бидејќи за нас тоа е неприфатливо. Ние мислиме дека треба да е обратно. Нема дилеми дека треба да се направи, но во однос на чекорите сметаме дека треба да е обратно. Ние сметаме дека преговарачката рамка треба да биде заедно со меѓувладината конференција, а потоа да влеземе во уставни измени, вели Османи.

Поврзани новости