Османи по завршување на гласањето: ДУИ е во позиција да избере Албанец-премиер

by Фокус

Вицепремиерот Бујар Османи, во својство на гласноговорник на ДУИ, по завршувањето на денешното гласање истакна дека е уверен во победа на ДУИ.

-Од тоа што го знаеме, ние сме уверени сме дека ја постигнавме нашата изборна цел да го доведеме ДУИ во позиција да го избере идниот премиер Албанец – посочи Османи во Мала Речица.

Тој ги повика другите албански партии да ги остават индивидуалните разлики зад себе и да се обединат зад концептот за Албанец-премиер.

-Ова е историски момент на Албанците и за сите граѓани. Ја прифаќаме оваа одговорност и ќе работиме напорно да ги исполниме нашите ветувања – порача Османи.

Тој додаде дека од утре очекуваат почеток на преговорите за формирање на идната влада.

Поврзани новости