Османи по изјавите во Србија: Будно ја следиме состојбата, нема да избрзуваме со заклучоци

by fokus

Преземаме интензивни активности да ги решаваме отворените прашања со соседите, а не да отвориме нови, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи по дипломатската криза во односите меѓу Македонија Србија.

– Се разбира будно ја следиме состојбата, меѓутоа не би избрзале со заклучоци. Тоа што може е да ја поздравиме изјавата од српска страна односно нивниот официјален став за заштита на пријателските односи и враќање на состојбите во вообичаените рамки – рече Османи.

На тврдењата дека одлуката на Србија е поврзана со најавите за кандидирање на Косово за пеием во УНЕСКО, Османи одговори дека не треба да се шпекулира во однос на причините.

– За нас е важно да ги затворме отворените прашања со соседите. Нема да избрзуваме со никакви одлуки во тој правец, ќе чекаме да се добијат сите детали во однос на тоа прашање. Важно е од двете страни да има позитивна волја да се вратат работите во вообичаените односи – додаде тој.

Поврзани новости