Министерот за надворешни работи Бујар Османи на вечерашната прес конференција изрази сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Бугарија.
-Не знам дали трагедиите можат да се мерат според големината, но знам дека денес го живееме еден од потешките и потажните денови во поновата историја, истакна министерот Османи.
Тој потоа информираше и за активностите на МНР.
-Се активираше работна група која ќе ги координира активностите поврзани со оваа голема трагедија. Веднаш се направија измени на ковид протоколите, односно семејствата можеа да патуваат во Бугарија без било какви протокол, истакна Османи, кој додаде дека и утре ќе продолжат со активностите.
Министерот истакна дека по идентификацијата ќе следи и постапка за пренос на телата.
-Што и да направиме денеска не можеме да ја покриеме загубата. Ќе се обидеме да им обезбедиме достоинство на семејствата, да ги добијат вистинските информации, истакна Османи.