Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска не откри кои иницијативи се прават или ќе се прават наредните три дена за да се прибилижат ставовите со Бугарија, но нагласи дека останува ставот оти нема да се откаже од овој процес до последниот момент. Според него, постигнат е напредок во многу прашања.
-Се уште се пред нас уште три дена, ќе работиме до последниот момент да аргументираме дека процесот на европските интеграции не е процес којшто е важен само за Република Северна Македонија, туку и за Бугарија и за сите земји членки на Унијата, пред се и за кредибилитетот на Унијата, но и за регионалната динамика – изјави Османи.
Тој додаде дека во изминатите три месеци имало интензивна комуникација на сите можни нивоа за постигнување заедничко решение со Бугарија.