Османи оптимист дека уставните измени ќе бидат донесени до крајот на годината

by Fokus

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи вели дека е оптимист дека уставните измени ќе бидат донесени до крајот на годината и дека земјата ќе остане на патот за забрзана интеграција во Европската унија, изразувајќи уверување дека процесот треба да се заснова на меритократија, но со достатно разбирање за актуелниот геополитички момент.

„Членка на ЕУ станувате кога ќе ги исполните условите, но во одредени геополитички моменти. Ако сте ги исполниле условите, но не е вистинскиот геополитички момент, тогаш вратата е затворена. Железната врата на ЕУ сега се отвора поради руската агресија во Украина. Ќе влезат земјите што се подготвени“, потенцира Османи во обраќањето пред студентите на Државниот универзитет во Тетово (УТ), на тема „Дали го пропуштаме возот за ЕУ?“.

Тој изјави дека секоја земја од регионот имала свои предизвици на патот кон членството во ЕУ, а уставните измени се наша домашна задача што сме ја презеле со Преговарачката рамка меѓу нашата држава и ЕУ.

Османи истакна дека уставните амандмани се од суштинско значење за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, но и избегнување на вклучувањето на идентитетски и историски прашања во текот на овој процес, заклучувајќи дека прекинувањето на нашите евроинтеграции е историска грешка која не смееме да си ја дозволиме во овој миг.

Поврзани новости