471
Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Република Косово, вели македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи.
„Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи. Отстранувањето на сите барикади и воспоставувањето правна држава е императив. Охрабруваме сеопфатно решение во согласност со посредување“, напиша Османи на фејсбук.