Портпаролот на ДУИ Бујар Османи вели дека односите во партијата се добри. Според него, по вчерашниот избор на ново претседателство, потпретседатели и функционери ќе биде видлива нова енергија.
-Односите се добри, политичките организации се всушност составени од луѓе кои претставуваат различни електорати и не секогаш интересите на различните електорати, на мојата населба, не се исти со интересите на некој друг град како Струга, Тетово и Гостивар. Но, успешноста на организацијата се цени по тоа дали различните погледи може да ги стави во фукнција на една моќна организација која им служи на луѓето, реализира, испорачува и победува. А ДУИ тоа го прави – изјави Османи.
Проблемите, додава тој, се слични во сите партии и организации, но, според него, проценките се прават во однос на тоа дали има капацитет да се надминат.
-ДУИ се покажа во овие дваесет години како лидер и нов модел на одржување на динамизирање, обновување на една организација која еве 20 години нема изгубено ниту едни избори и на секои станува се послна и посилна. И ќе видите, како што реков и вчера, една нова еанергија во ДУИ и после ова централно претседателство – рече Османи, додавајќи дека и Артан Груби е унапреден како член на претседателството.
Инаку, Османи денеска како министер за надворешни работи, заедно со косовскиот амбасадор Флоријан Ќехаја, засадија дрвја во паркот во Чаир во знак добрососедство и соработка.