Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска изрази уверување дека следната година ќе бидат донесени уставните измени, нагласувајќи оти нема ништо контроверзно во тоа Бугарите, Црногорците и Хрватите да се внесат во Уставот, а забелешките на одредени политички субјекти ги оцени како дневно-политички кореографии во обид да се добие плус некој политички поен.
Османи потенцира дека следната недела ќе се интензивираат разговорите за обезбедување двотретинско мнозинство, кое е потребно за да се изгласа потребата за отворање на Уставот.
Тој денеска на годишниот брифинг со медиумите истакна дека е крајно нечесно едно од најважните прашања за граѓаните – членството во ЕУ, да се става во дневно-политичките препукувања и додаде дека смета оди во текот на следната година тоа ќе го увидат сите политички актери.