Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи во Рим, учествуваше на министерскиот состанок за Западен Балкан.
Тој се осврна на неопходноста од поставување јасен и предвидлив пат за идните проширувања со државите од регионот, потенцирајќи дека истото е суштествен безбедносен интерес за Европската Унија.
Подвлече дека покрај задржување на крајната цел за членство, потребни се конкретни пропратни мерки за унапредување на демократскиот развој, зголемување на економските можности и заокружување на помирувањето во Западен Балкан.
„Променетите геостратешки околности бараат промена и прилагодување на пристапот. Иако е точно дека неодамна има зголемен акцент на важноста на проширувањето, за што сме благодарни, сите се согласуваме дека тоа сè уште не е доволно. 20 години по самитот во Солун, на ЕУ итно и е потребна среднорочна визија за нашиот регион внатре во рамките на Унијата“ рече Османи.
Османи ја нагласи потребата од намалување на јазот меѓу државите од регионот со државите членки на ЕУ во економска смисла.