48
Министерот за надворешни работи Бујар Османи се обрати од седиштето на Обединетите нации во Њујорк, по повод две години од инвазијата на Русија врз Украина.
Состанокот беше на тема „Ситуацијата во привремено окупираните територии на Украина“, а Османи, како што соопшти МНР, уште еднаш ја повика Русија да ја прекине „оваа бесмислена војна и да ги повлече своите трупи од суверената територија на Украина“.
-Русија ги прекрши основните принципи на меѓународното право и започна целосна агресивна војна против Украина, земја членка на ОН – истакнал Османи.