Османи: Нема откажување, ве уверувам дека ќе станеме членка на ЕУ!

by Fokus

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ги повтори ставовите дека Владата ќе чекори по овој пат, и дека не се откажува од членство во ЕУ, и покрај блокадата од нашиот сосед Бугарија.

„Ќе се надминат и овие разлики. Замислете што ќе се случеше ако се откажевме од НАТО во последните 30 години. Сега немаше да бидеме членка на Алијансата. Или кога Франција стави вето, да се откажевме. Но ние одевме по тој пат, и потоа добивме препорака. И сега не се откажуваме. Jас ве уверувам дека после членството во НАТО, ќе станеме членка и на ЕУ. Тоа и го очекуваат нашите граѓани.“, рече Османи.

Поврзани новости