Османи: Нема да се мешаме во историската комисија, македонскиот јазик влегува во ЕУ

by Фокус

Сите обврски се на реципрочна основа и подеднакво важат и за Македонија и за Бугарија, рече предмалку министерот за надворешни работи Бујар Османи, откако денеска го потпиша билатералниот протокол со бугарската колешка Теодора Дончевска.

-Ние имаме обврски и рокови согласно Договорот за пријателство што сме го потпишале, но како политика нема да се мешаме во работата на Комсијата за историски и образовни прашања. Се што се одлучат заеднички претставува обврска да двете страни – рече Османи.

Како што истакна тој, досега има само една препорака од Комисијата за измена на учебници, која треба да се имплементира.

Во однос на македонскиот јазик, тој додаде дека досега воопшто го немало во ЕУ, а сега ќе го има. Притоа, посочи дека договорот со Фронтекст ќе биде потпишан на македонски јазик.

-За билатерални односи го имаме затворено јазикот со Бугарија, македонски и бугарски јазик согласно Уставот, а битката бугарскиот став да не стане европски став ја добивме, нема фусноти, додавки… – рече Османи.

Воедно, тој порача дека освен што јазикот е чист, историските прашања не се одредница за водење на преговорите.

Поврзани новости