433
Министерот за надворешни работи Бујар Османи нема да оди на Годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија во Банско, каде бугарското Министерството за надворешни работи го покани на годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија.
Од македонското МНР велат дека ја известиле Софија оти министерот Бујар Османи како претставник на Владата во овој период ќе се фокусира на процесот во Собранието, каде треба да се расправа за францускиот предлог.
-Нотата е стигната во МНР, но Софија е известена дека во овој период Османи ќе се фокусира на процесот во Собранието, а експертите од двете министерства ќе продолжат со работа. Доколку се појави потреба, Османи и Генчовска повторно ќе одржат онлајн средба, велат од македонското МНР.