Османи: Нема да одам на состанокот кај Пендаровски, ќе се изолирам до вторник!

by Fokus

Откако денеска се потврди дека кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски е позитивен на корона вирусот, вицепремиерот Бујар Османи објави дека нема да присуствува на состанокот на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски.

„По позитивната потврда за СОVID-19 на Градоначалникот на Куманово а поради тоа што вчера имавме состанок во општинскиот штаб во Куманово, и покрај тоа што цело време бев со лична заштита маска и ракавици за кои епидемиолозите сметаат дека се доволни за заштита, решив денес да не одам на состанокот на Советот за безбедност кај Претседателот и да се изолирам до вторник кога тестирањето треба да се направи според протоколите. Посакувам на градоначалникот на Куманово брзо закрепнување како и на сите погодени граѓани и што е можно поскоро да излеземе од оваа состојба заедно“, соопшти Османи.

Поврзани новости