Османи: Нема да дозволам криминалци да го рушат изгледот на МНР

by fokus

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешната прес-конференција, во однос на случајот со приведениот македонски дипломат, посочи дека не прават проверка, ниту законот ги обврзува да прават дополнителни проверки во однос на диплома, само проверуваат дали има национален безбедносен сертификат.

– Ако има тоа значи дека некој друг гарантира дека тој е безбеден за упатување. Тоа ми дава право после јас проценувам дали тој ми треба тука или таму. Ви кажав зошто ми требаше таму заради податокот и насоката моја да се упатат во правата група луѓето кои имаат најмалку еден мандат и третиот услов – исполнети две години во Министерството, што значи после две години може да се упати. Се друго е шпекулации, дневна партиска политика. Тука работат чесни професионалци, кои работат сериозно, деноноќно за да се подобри меѓународната позиција на државата и нема да дозволам заради некои криминалци некој да го руши имиџот на Министерството. Верувајте колку и да звучи лошо драго ми е што е упатен затоа што доколку не беше упатен тој ќе продолжеше да има дипломатски пасош, национален сертификат, да останеше во Министерството и да има пристап до документи, рече Османи.

Поврзани новости