Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека не може тој да каже дали градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко треба да поднесе оставка, бидејќи тој не го гласал.
-Мислам дека Мерко треба сам да донесе одлука по однос на неговиот однос со граѓаните коишто го избрале. Да сум јас гласач во Струга, да беше тоа градоначалник од Чаир, ќе кажев мое мислење. Меѓутоа јас не сум го гласал, ниту живеам во Струга, и мислам дека тоа е прашање на односот помеѓу градоначалникот и граѓаните коишто го избрале. Во однос на партиските функции, државните функции апсолутно сме недвосмислени во тој дел, рече Османи.
Тој додаде дека ДУИ го кажале нивниот став оти бараат сеопфатна домашна и меѓунардна истрага и активирање на сите можни механизми, како и дека се замрзнуваат сите позиции во партијата.
-Тоа е најдобриот одговор што можеме да го дадеме во моментот. Градоначалниците се избрани на директни избори. Ниту премиерот не е на директни избори, ни министрите, сите ние сме именувани од Собранието. Тие се на директни избори. Не се неговите гласачи само од ДУИ, и Македонци, и Албанци, и од сите други политички. Тој однос е меѓу градоначалникот и граѓаните и сами треба да го решат. Нашиот став го кажавме и мислам дека од сите досегашни реакции во регионот, бидејќи имаше црни листи во Албанија и во други држави, единствена ваква реакција имате од ДУИ, вели Османи.