Очекувам многу бргу да се формираат институциите со претставниците на двете поголеми заедници во државата, вели вицепремиерот и функционер на ДУИ Бујар Османи.
-Влезниот билет е јавното потврдување на поддршка за трите договора, бидејќи ДУИ се смета како чувар на трите договора: Преспанскиот, за добрососедски односи со Бугарија и Охридскиот рамковен договор. Би разговарале за поделба на одговорности само со тие партии коишто би ги прифатиле трите договора – рече Османи на Сител.
Во врска со можноста за ротациски премиер, тој Османи рече тие во ДУИ се уште не разговарале за да имаат некаков став околу ова прашање.
-Прашањето на ротации коешто се покренува од аналитичарите веројатно го покренувале искуствата во светот како Израел и други влади. Ние за тоа прашање не сме разговарале во нашата во партијата за да имаме став. Ниту во нашата партија, ниту со други партии. Затоа, повеќе ги гледам како аналитички пристап на различни варијанти на една идеја во зависност од искуствата кои што ги има светот – рече тој.
Според него, ДУИ е апсолутен победник кај албанското гласачко тело.
-Непишано правило е кај нас владата да ја соочинуваат двете претставници на двете поголеми заедници, со цел институционално да се канализира етничката енергија. Тоа го научивме од искуството и се покажа како најдоброто решение за политичката стабилност во оваа држава, бидејќи доколку не ја канализирате етничката енергија на институционален пат, тогаш ни се случува злоупотреба на таа енергија од различни трети страни – истакна Османи.