485
Вицепремиерот Бујар Османи во вечерашаното гостување на 1 ТВ рече дека според Рамковниот договор изминатите години Владата вработувала, со очекување дека министерствата потоа ќе ги преземат овие вработени.
-Кога на конкурси се вработуваа по 500-600 лица, очекувавме дека министерствата ќе ги прифатат. Но, потоа наидовавме на отпор, главно од министерствата водени од нашиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ. Тие луѓе не се виновни што седеа дома, тие сакаа да работат и да градат кариери, рече Османи.