Османи не сака да го прати Законот за јазици во Венецијанската комисија додека член е Каракамишева

by fokus

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека според негово мислење нема смисла Законот за јазиците да се испрати на оценка во Венецијанската комисија, додека претставник на Македонија таму е професорката Тања Каракамишева.

Вицепремиерот Османи јавно ја посочи како пречка бидејќи влијаела на другите членови и тие не можеле објективно да одлучуваат за одредбите на Законот.

Османи додаде дека сепак ќе разговараат со своите коалициони партнери дали сега да го испратат Законот во Венецијанската комисија.

Поврзани новости