Османи не открива дали Агнеса Руси ќе биде амбасадор во Софија

by fokus

За амбасадор во Софија ќе биде испратен еден од најискусните дипломати во Министерството за надворешни работи. Владата го прифати предлогот на МНР за амбасадор во Бугарија и го однесе на претседателот на државата, информира денеска по брифингот за новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Амбасадор во Софија ќе биде еден од најискусните дипломати во МНР и намерно така е одлучено искусен дипломат да се испрати во Софија во услови кога сакаме да ја вратиме довербата и да ги надминеме разликите.

Меѓутоа, не можам да коментирам за името додека не се добие агреман, меѓутоа барањето за агреман што значи и одобрување од страна на претседателот е добиено и веќе е пратено во бугарското МНР, наведе Османи.

Дел од македонските медиуми во почетокот на неделава го споменаа името на Агнеса Руси за амбасадор во Софија, која е дипломатка од кариера а во моментов е шефица на македонската мисија при ЕУ во Брисел од 2018 година.

Северна Македонија е без амбасадор во соседна Бугарија од април 2020 година, додека вршител на должноста амбасадор ја извршуваше Владимир Крстевски.

Поврзани новости