365
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите, на прашањето дали видел што се случило на вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Шкупи и Вардар, рече дека не ги видел националистичките пораки на стадионот во Чаир кои ги истакнаа навивачите на Шкупи.
„Не сум ги слушнал тие пораки. Секоја изјава која што предизвикува етничка нетолеранција е спротивна на законот“, рече Османи.
Инаку, една од паролите, истакнати на натпреварот во Чаир беше:„Ќе го исполниме историскиот аманет Скопје да биде срцето на Албанија“.