Откако МНР вчера потврди дека македонски дипломат бил уапсен во Србија на граничниот премин Прешево – Табановце минатата недела при обид за влез во Македонија, министерот за надворешни работи Бујар Османи денес најави целосен ветинг.
Како што истакна Османи, ќе се изврши детално испитување и проверка на сите дипломати, за, како што рече, да не се случи повторно ваков скандал лица барани со потерници да работат како дипломати.
Инаку, станува збор за заменик шефот на мисијата на ОБСЕ во Виена Миле Миленковски, кој се барал со меѓународна потерница за дело кое го направил пред три години.
На приватно патување, на кое со помош на уште едно лице помогнал во бегството од Ерменија на братот на сменетиот ерменски претседател, против кого во Ерменија се воделе процеси за затајување на данок и незаконско богатење.
Ерменските власти македонскиот дипломат го бараат заради помагање во бегство на лице осомничено за злоупотерба на неколку милиони евра.