392
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, чиј домаќин годинава е министерката за надворешни работи на Германија Аналена Бербок.
Берлинскиот процес како процес комплементарен на евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан има за цел изградба на рамка за унапредување на односите меѓу земјите од Западен Балкан во насока на достигнување на економски раст и развој, отворена пазарна економија и забрзување на реформскиот напредок во интерес на поскора интеграција кон ЕУ, соопшти МНР.
На маргините на состанокот во Берлин министерот Бујар Османи ќе има билатерални средби со свои хомолози од регионот и пошироко.