Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во вечерашното гостување на телевизија Телма одби директно да каже дали е против прекројување на границите на Балканот. Вели дека е потребно „релативизирање на границите“ преку зачленување на земјите во ЕУ.
-Мислам дека не треба да паднеме во стапицата да идентификуваме авторство на тој документ. Мислам дека треба да веруваме на официјалните изјави од наша пријателска земја, кои велат дека тие не направиле таков документ. По однос на содржината. Тоа што ги пробуди духовите е авторството на Словенија. Промена на границите е стара тема и е присутна. Јас имав прес конференција на која го кажав мојот став и реков дека идината на регионот е евроатлантска интеграција. Дека се употребија различни модели за решавање на етнички прашања, имаше два успешни: Охридскиот договор и евроатлантска интеграција. Нашиот став по ова прашање многу јасен, вели Османи.