Османи му поднесе рапорт на Реџепи за ЕУ интеграциите

by fokus

Пратеникот Кастриот Реџепи денеска, на негова иницијатива, бил на брифинг кај министерот за надворешни работи, Бујар Османи на кој се информирал за процесот на ЕУ интеграциите на Македонија.

На иницијатива на пратеникот Кастриот Реџепи, за подлабоко и пошироко запознавање со процесот на европски интеграции, утрински брифинг во МНР на која информирав за последните состојби  во надворешната политика, објави министерот Османи.

Покрај актуелните севкупните состојби, информирав и за впечатоците и пораките добиени од последната посета на Брисел, како и за пораките со кои изминатава недела во Скопје пристигнаа премиерот на Холандија, Марк Руте, како и новиот сојузен министер за европски и меѓународни работи на Австрија, Михаел Линхарт.

Очигледна е зголемената политичка активност до страна на голем број меѓународни пријатели, кои се насочени во создавање нова иницијатива со која би се одблокирал процесот на проширување на Европската Унија, вели Османи.

Тој се осврна и на постапката на Реџепи да не гласа за недоверба на Владата и овој потег го нарече мудра политичка одлука и оцени дека пратеникот со своето политичко делување го зачувал евроатлантскиот курс на земјата.

Со особено задоволство прифатив да упатиме заеднички повик за политичка консолидација на сите прогресивни сили во земјава, со цел искористување на претстојните можности кои ги нудат зимските самити на ЕУ а со цел остварување на стратешките цели на државата, додаде Османи.

Поврзани новости