Вицепремиерот Бујар Османи во вечерашното гостување на телевизија Телма ги коментираше последните изјави кои доаѓаат од Бугарија и каде се споменуваат нови црвени линии и услови. Османи вели дека можеби има обиди да се искористи притисокот под кој се наоѓа Македонија за да се донесат одлуки за некои прашања.
-Не очекувам дека е има промена на бугарската поддршка за отворање на преговорите со Македонија. Се разбира дека обидите за притисоци ќе бидат вметнати во преговарачката рамка. Дел од тој дискурс е наметнат од притисокот од опозицијата во Бугарија. Сметам дека односите на двете држави може да ги апсорбираат таквите изблици на барања. Можеби има обиди да се искористи овој притисок под кој се наоѓаме за побрзо да се донесат одлуки за некои прашања, рече Османи.