Бујар Османи од ДУИ денеска на прес-конференција му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека тој не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците во идната влада.
– Не одлучува Мицкоски кој ќе биде претставник на Албанците. За тоа ќе одлучи народот – порача се уште актуелниот министер за надворешни работи во техничката влада.
Тој додаде дека не треба да се зборува за коалиции на девет дена пред избори, туку треба прво да се слушне волјата на народот.
Османи најавата на Мицкоски дека по парламентарните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со „ВРЕДИ“ ја спореди како времето кога „Белград сам одбрал Рахман Морина да биде претставник на Албанците од Косово“.
Тој додаде дека се уште не е одлучено дали и кому ќе ги препорача своите гласови освоени од првиот претседателски круг на 24 април.
– Јас бев кандидат на `Европскиот фронт` и ваквата одлука ќе ја донесеме со `Европскиот фронт` во следните денови“ рече Османи.