Османи кон Кулеба: Се надевав дека страдањата ќе престанат

by Fokus

На заедничката прес-конференција во Киев со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, неговиот колега од Македонија, Бујар Османи ја осуди континуираната руска агресија против Украина.

„Се надевав дека страдањата ќе престанат кога ќе дојдам во прва посета во својство на претседавач со ОБСЕ. Секое повторно лично сведочење на уништени домови и човечки судбини предизвикува вознемиреност. Стоејќи овде како претседавач со ОБСЕ, ја повикувам Руската Федерација да ја прекине оваа војна, да ги повлече своите трупи од Украина, да се врати на принципите и вредностите на ОБСЕ и одново да се приклони кон дипломатијата – изјави Османи.

Поврзани новости