Османи ќе оди во посета кај притворениот Томор Морина

by fokus

Вицепремиерот, Бујар Османи, изјави денеска дека има намера да го посети притворениот Томор Морина, поранешен припадник на ОВК, кој беше уапсен поради распишана потерница од Интерпол, бидејќи Србија го бара за воени злосторства против цивилите во Косово.

Османи изјави дека сака да го посети Морина во својство на пријател на Република Косово.

-Ова е недозволиво. Морина треба да се ослободи. Жално е што се случи овој настан, бидејќи влијае на односите меѓу нас и Република Косово. Барањето на Србија е за српски граѓанин, а ние овие граѓани ги признаваме како граѓани на Косово. Тоа е безпредметно. Специфично е дека потерницата не е преку српскиот Интерпол, туку преку централата на Интерпол, и затоа нашата држава треба да ги почитува процедурите. Мојата посета е како пријател на Република Косово и претставник на Влада која е пријател на Косово – рече Османи.

Тој ги отфрли тврдењата дека со своите изјави ДУИ врши притисок врз судството.

-Притисок вршиме за Министерството за правда да ја забрза постапката. Ова прашање мора системски да се реши и да не се случува и понатаму да се најдеме среде односите меѓу Србија и Косово. Сакаме добри односи со Србија, но никако на сметка на добрите односи со Косово – рече Османи.

Поврзани новости