Османи ќе има средба со Коѕијас во Атина на 9 јануари

by Fokus

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, во вторник, 9 јануари, ќе оствари работна посета на Атина, соопшти неговиот Кабинет.

Во рамките на посетата, вицепремиерот Османи ќе има одвоени средби со Никос Коѕијас, министер за надворешни работи на Република Грција, како и со заменик министерот за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски односи, Јоргос Катругалос.

Според соопштението, на средбите ќе бидат отворени прашањата поврзани со европските интеграции на Република Македонија.

Поврзани новости