Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ја дочека претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, која денеска ќе присуствува во Скопје, и ќе се обрати пред пратениците пред расправата за Францускиот предлог за тргнување на ветото од Бугарија.
„Добредојде за претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Оваа посета доаѓа во вистинско време, пред самиот крај на процесот на широки консултации околу последниот предлог од француското претседателство со Советот на ЕУ за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ.
Со денешната седница на Собранието се заокружуваат консултациите што беа покренати со сите релевантни државни и општествени чинители со цел донесување правилна одлука која ја засега нашата и иднината на нашите деца.
Фото: Телма