Османи: Ја надминавме кризата по изборите, обидот за „државен удар“ не успеа!

by Fokus

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, за време на работната посета на Брисел во интервју за „Агенција Европа“ изјави дека отворањето на преговори со Македонија и Албанија ќе и овозможи на ЕУ да го задржи својот кредибилитет во регионот, кој во моментов е под притисок.

Во однос на шансите за одржување на првата меѓувладина конференција во декември, Османи рече дека „по конструктивниот ангажман што го покажавме во овој период, а исто така размислувајќи за последиците по кредибилитетот на ЕУ и стабилноста на регионот, Бугарија ќе го тргне ветото и би можеле да го започнеме овој долг процес за членство во ЕУ, што е еден од нај контролираните процеси“.

Можете ли да објасните што се случува во вашата земја?

– Успеавме да ја надминеме малата политичка криза што се случи по локалните избори. Премиерот најави оставка, а тоа создаде простор за политичко маневрирање, вклучително и од некои малигни надворешни влијанија кои поттикнаа формирање на ново мнозинство, барем на хартија, кое можеше да ја загрози не само политичката стабилност, туку и стратешката ориентација на оваа земја. Тој обид за „државен удар“ не успеа.

Во моментов, Владата продолжува да работи со цел да ги реализира нашите стратешки цели и да ја приближи земјата до ЕУ. Работиме на зголемување на мнозинството за да обезбедиме поголема политичка стабилност бидејќи пред нас се многу предизвици и можности; предизвици во однос на справувањето со пандемијата и нејзините социјално-економски последици, но и енергетската криза, како и  можности во однос на изгледите за почеток на пристапните преговори во декември и пробив во спорот што го имаме со Бугарија.

 

Поврзани новости