Османи: Историчарите да не коментираат политички прашања

by fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека никогаш не реагираат и нема да се мешаат за коментари на историската комисија по однос на историските прашања, бидејќи, како што вели „основниот принцип е политиката на политичарите, историјата на историчарите“.

– Политичарите да не коментираат историски прашања, историчарите да не коментираат политички прашања. Сите членови можат да коментираат што сакаат за тоа какви погледи имаат кон историјата. Тоа е нивна должност. Ние не треба да ги коментираме, политиката не треба, но историчарите не смеат да зборуваат за процесот што ги дефинира политичките прашања. Замрзнувањето на улогата на Комисијата за историски прашања е минирање на Договорот за добрососедство.

Тоа е веќе политичко прашање. Тоа не е содржиско прашање на нивната работа. И затоа нема да реагираме за тоа што они го коментираат и јавно за содржината на нивната работа, но не треба да се мешаат во политичкиот процес како што јас никогаш нема да влезам во коментари за историски прашања и за содржината на нивната работа и мислам дека е тоа фер однос и така треба да биде и тоа ги заштитува нашите позиции, вели Османи.

Тој истакна дека јавноста и општеството не смеат да расправаат за историските личности и нивното значење, меѓу кои е Гоце Делчев, туку тоа може да го расправа само Комисијата.

Османи потсети дека на агендата на Комисијата не е стигнато до тоа прашање, бидејќи не ги надминале претходните прашања и оти е важно да има процес и историската комисија да решава за овие прашања, а не јавноста, политичарите и новинарите, како и двете општества.

Османи информираше дека следниот состанок на Заедничката историско-образовна комисија ќе се одржи на 28 февруари.

Поврзани новости