604
Лидерска средба на партиите со претседателот на државата Стево Пендаровски иницирал вицепремиерот Бујар Османи.
Како што истакна тој на денешната прес-конференција, го сторил тоа со цел земјата да се подготви за почеток на преговорите со ЕУ и изградба на заедничка политичка позиција.
Османи додаде дека неговото барање за лидерска средба не е поврзано со конкретно прашање туку да се постигне еден консензус за позициите на земјата кои тој ќе треба да ги претстави на првата меѓувладина конференција.