Османи: Имаме што да ѝ понудиме на ОБСЕ, не случајно нѐ избрале за претседавачи

by Fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека претседателствувањето со ОБСЕ идната година ќе биде одлична можност за земјава.

Како што рече Османи во гостувањето на „Топ тема”, имаме што да ѝ понудиме на ОБСЕ и не случајно нѐ избрале за претседавачи.

Министерот потсети дека во Скопје беше испратена првата теренска мисија на ОБСЕ за да спречи прелевање на воениот конфликт од БиХ.

-И сега наеднаш, таа мала држава во која имаше потреба од теренска мисија за да се смират меѓуетничките тензии, за да се спречи воен конфликт, стигна до позиција да раководи со најголемата меѓународна организација, потенцира Османи.

Според него, „земјава има да даде сериозен футпринт во претседавањето”.

-Постигнавме сериозен исчекор во внатрешната мултиетничка функционална демократија, уникатен модел кој се повеќе се користи како референца за други мултиетнички држави. Создадовме култура на компромис, култура на дијалог, на добрососедски односи што е исто така уникатен за овој тежок регион кој многу тешко соработува и решава конфликти. Ние имаме исксутво, имаме модел што сакаме преку оваа платфрорма да го презентираме во ОБСЕ регионот, но имаме и директно искуство со ОБСЕ мисиите, истакна Османи.

Поврзани новости