386
Вицепремиерот Бујар Османи за време на денешната посета на Финска со претставниците на Големиот комитет во рамките на финскиот парламент, предводени од првиот заменик-претседател на парламентот, Јани Макела, говорел за евроинтегративниот процес на земјата.
-Северна Македонија има и политички и институционален капацитет за да го продолжи патот кон полноправно членство во Унијата, и ние како Влада, остануваме посветени на овој процес сè до полноправно членството во ЕУ и НАТО – рече Османи.