Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера се сретна со амбасадорите на САД, Германија, Велика Британија и на Холандија. Како што објави на Фејсбук, им се пожалил на амбасадорите за компромитирање на изборниот процес во земјата.
„Ја изразив мојата загриженост во врска со компромитирањето на изборниот процес со произволни одлуки на ДИК со цел да се украде изборната волја со правење политички инженеринг со одлуките за прегласување“, пишува Османи.
Тој ја изразил и неопходноста од почитување на договорот на Охрид, Преспа и европската иднина на државата.
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ најави дека ќе ги обжали донесените одлуки на Државната изборна комисија за приговорите во врска со изборните резултати од парламентарните избори што се однесуваат на Петтата и на Шестата изборна единица.