Османи и се заблагодари на Турција за Шведска и Финска

by Фокус

Бујар Османи, министерот за надворешни работи на Македонија, на Самитот на НАТО во Мадрид упати честитики до шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, откако Турција под одредени услови се согласи Шведска и Финска да станат нови членки на Алијансата.

„Му честитаме на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за поддршката за членството на Финска и Шведска во НАТО!“, објави Османи на Фејсбук.

Османи е дел од државна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски која деновиве ќе учествува на Самитот на НАТО во Мадрид.

Поврзани новости