Германија е клучен политички партнер на Северна Македонија, кој и натаму ќе не поддржува во реформските напори кои ги преземаат институциите во земјава со цел брз напредок при пристапните преговори со Европската Унија, констатираа на денешната средба министерот за надворешни работи Бујар Османи и претседавачот на Комитетот за Европската Унија во германскиот Бундестаг, Антон Хофрајтер.
Хофрајтер ја повтори заложбата дека Германија ќе продолжи и во иднина со сиот свој политички и институционален капацитет да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во ЕУ.
Политичко – безбедносните прашања и економските предизвици со кои се соочува европскиот континент поради руската инвазија врз Украина, исто така беа предмет на разговор меѓу двајцата соговорници, кои ја истакнаа важноста од заеднички одговор за зачувување на европската и светската безбедност и отпорност, соопшти МНР.