585
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјава за БТВ најави дека за неколку дена ќе има предлог за амбасадор во Бугарија.
Како што јавува дописникот на МИА од Софија, министерот Османи оценил дека е грешка што во текот на овие години Северна Македонија немала амбасадор во Бугарија, но изразил надеж дека во следните денови тоа ќе се случи.
Последниот амбасадор на Северна Македонија во Бугарија беше Марјан Ѓорчев чиј мандат заврши на крајот на март 2020 година.