Османи: Граѓаните нема да ни простат ако ја пропуштиме и оваа шанса кон ЕУ

by Фокус

Долгото чекање пред вратите на ЕУ мора да прекине, многу шанси се пропуштиле досега но ако се пропшушти и оваа, граѓаните нема веќе да простуваат, рече вицепремиерот за евроинтеграција, Бујар Османи, кој денес го престави Планот 3-6-9 пред Комисијата за европски прашања.

-Ние ќе почнеме со остварување на реформите, кои немаат за цел само интеграција, туку создавање на европска држава. Во првиот дел има 73 мерки кои треба да се реализираат од институциите, а ние како влада сме во секојдневен контакт со нив. Тоа што ќе биде многу важно е инклузивноста на владата со институциите и граѓаните, како и инклузивност на политичките партии внатре во Собранието – истакна Османи.

Тој најави враќање на надзорната улога на собранието, консолидирање и ажурирање на изборната листа, обука на вработените во судството, усвојување на законот за албански јазик, деполитизација и обезбедување подобри услови за работа во јавната администрација.

Поврзани новости