Османи: Големо НЕ за секоја дебата за идентитетот, ДА за права на заедниците

by Fokus

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на стратешкиот форум во Блед Словенија на една од панел дискусиите изјави големо НЕ за секоја дебата за идентитетот и за воведување историски толкувања на преговарачкиот процес.

Тој рече дека францускиот предлог што довел до договор лани се засновал на неколку принципи, а еден од тие принципи е: „Големо НЕ за воведување историски толкувања во патоказите, кластерите, поглавјата, одредниците на преговарачкиот процес. Големо НЕ за секоја дебата за идентитетот попат“.

Понатаму во своето обраќање тој рече дека еден принципите на кои е заснован договорот со ЕУ е принципот дека македонскиот јазик ќе биде во преговарачка рамка без никакви дополнувања и ќе биде официјален јазик на Европската Унија откако ќе станеме членка на ЕУ.

„Но, едно големо ДА за правата на заедниците, без разлика на нивната големина, бидејќи ова е нашиот белег – Северна Македонија е позната по својата функционална мултиетничка демократија. Значи, ДА за уставни измени, ДА за воведување на најширок пакет привилегии за сите заедници, вклучително и на бугарската заедница“, изјави Османи.

Поврзани новости